Skip to main content

Марија Роглева учествуваше на модна работилница во Пјер Карден – Париз, избрана на конкурсот за студенти по моден дизајн, објавен од модната куќа

Студентката Марија Роглева од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет Скопје изминатиов викенд на 17. и 18. мај учествуваше на работилница со дизајнерскиот тим на реномираната модна куќа Pierre Cardin во Париз. Таа беше избрана на конкурсот за студенти по моден дизајн, објавен од модната куќа пред неколку месеци. Во работилницата учествуваа 64 студенти од различни европски земји, а дванаесет од нив ќе бидат избрани да учествуваат на ексклузивен настан на 4 октомври во Атина. Три првонаградени студенти ќе добијат работна пракса во студиото на Пјер Карден во Париз.

Студентите по моден дизајн учествуваа на конкурсот на куќата Пјер Карден по иницијатива на проф. д-р Гордана Вренцоска, а дел од нив ги разработуваа своите идејни решенија во рамки на предметот Колекција 2 кај проф. д-р Јана Манева Чупоска. Поддршката за нејзиното патување Марија ја доби од целиот тим на факултетот и од управниот одбор на Европскиот универзитет.

извор: екран.мк

Поврзани вести