Skip to main content

Знаете ли каква јадење е Шакшука?

Шакшука е традиционално јадење од Блискиот Исток, направено од јајца во богата, зачинета доматна соса. Идеално за доручек, ручек или лесна вечера.

Состојки:

  • Маслиново масло
  • 4 до 6 јајца
  • 1 чешне лук, ситно сечкан
  • 1 главица кромид, тенко исечена
  • 2 црвени пиперки, тенко исечени
  • 1 кг домати, исечкани на коцки
  • 1 лута пиперка, ситно исечкана
  • Неколку гранчиња магдонос (само листовите)
  • Сол и бибер по вкус


Подготовка:
Во поголема тава загрејте маслиново масло на средна температура.
Додадете го сечканиот кромид и лукот. Пржете неколку минути додека омекнат.
Ставете ги црвените пиперки и лутата пиперка, и пржете додека пиперките омекнат.
Додадете ги доматите и по желба, харисата. Посолете и забиберете по вкус.
Намалете ја температурата и гответе 10–15 минути додека сосот се згусне.
Со лажица направете вдлабнатини во сосот и внимателно скршете ги јајцата во нив.
Покријте ја тавата и гответе 5–8 минути, или додека белките се стегнат, а жолчките останат течни.
Посипете со свеж магдонос и веднаш сервирајте.


Совет: Најдобро се комбинира со леб или пита, за да не пропуштите ниту капка од вкусниот сос.

Поврзани вести