
Кога температурите ќе пораснат, последното нешто што го сакаме е да ја вклучиме рерната и да поминеме со часови во кујната. Затоа, овој летен колач од само четири состојки е вистински спас – едноставен, брз, освежителен и лесен. Без печење и комплицирани подготовки, а доволно вкусен за да ги импресионира и најпребирливите сладокусци.
Состојки:
- 300 г бисквити
- 400 мл грчки јогурт
- 200 г свежи малини
- 2-3 лажици мед или агаве-сируп
Приготвување:
Издробете ги бисквитите со раце или во сечко, но да останат и поситни парчиња, да не излезе како брашно.
Во поголем сад измешајте грчки јогурт и мед, па додајте половина од малините и згмечете ги малку со виљушка.
Додајте ги издробените бисквити и добро промешајте го сето тоа, за да добиете кремлива смеса.
Сипете ја смесата во правоаголен калап (или силиконски или обложен со проѕирна фолија), израмнете и одозгора наредете го остатокот од малините.