Овој специјалитет не само што е вкусен, туку и изгледа прекрасно и е во празничен дух…
Еве една одлична идеја за новогодишната трпеза. Сè што ви треба е тенко исукано лиснато тесто, калапи со ѕвезди во неколку големини и празничната магија може да започне.
Можат да се направат во солени и слатки варијанти.
За слатка ви е потребно:
лиснато тесто
путер
шеќер во прав
За солени ви треба:
лиснато тесто
путер
рендан пармезан
Подготовката е многу едноставна:
Расуканото лиснато тесто со калапи исечете го на ѕвездички со различна големина, прободете ги со вилушка и премачкајте со путер, а потоа посипете со шеќер или пармезан и печете во рерна. Кога ќе се испечат на чепкалка за заби, наредете ги од најголеми до најмали ѕвездички една врз друга за да добиете елка.