
Продолжува караванот на панел-дискусии во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука, со која се истакнува важноста на наставничката професија и влијанието што наставниците го имаат во создавањето на идни генерации.
По одржаните настани во Скопје, Прилеп и Тетово, следната панел-дискусија ќе се одржи на 16 ноември 2025 година (недела), со почеток во 10 часот во Занаетчискиот дом во Куманово.
Темата на панел-дискусијата е „Магичниот пресврт – ‘Што научи?’ или ‘Што доби?’“, со фокус на тоа како се менува начинот на кој го вреднуваме знаењето и резултатите и како наставниците го препознаваат напредокот и потенцијалот на учениците денес.
Своето видување ќе го споделат Елена Ивановска, државен секретар во Министерството за образование и наука, Милка Тримчевска, директорка на Бирото за развој на образованието, Нагри Реџепи , директор на СОУ „Сами Фрашери“ – Куманово, Хилда Димитриевска, одделенски наставник во ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово, Даниела Стојановска, наставник во ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово и Иван Нацевски, родител на ученик во ООУ „Кочо Рацин“ од Куманово.

Македонски








