Skip to main content

Отворена изложбата „Градот што шиеше историја“

Во петокот беше отворена визуелната изложба – „Градот што шиеше историја“

Во рамки на 9. Текстилијада, публиката имаше можност да види предмети, алатки, облека, фотографии и документи поврзани со текстилната индустрија – сведоци на богатата историја на Штип.

Координаторот на Текстилијада #9 / Tekstilijada #9, Денис Ампев, истакна дека со оваа заедничка изложба ја раскажуваме нашата текстилна приказна и ја нагласуваме потребата Штип конечно да добие музејски центар што ќе го зачува и вреднува трудот, културата и историјата на работничкиот град.

Изложбата е посветена на сите текстилни работници кои со години ја носат економијата на своите плеќи. Овој музејски концепт е доказ дека нивниот труд и жртва нема да бидат заборавени.

Музејот на текстилот во Штип ќе сведочи дека токму оваа гранка со децении е двигател на локалната и националната економија.

Поврзани вести