Skip to main content

Немал никакви знаци, за болеста дознал сосема случајно: Овој детал кај Поповиќ укажувал на тешкото заболување

Креативниот директор и основач на Гранд продукција, Саша Поповиќ почина вчера во болница во Париз, после кратка битка со тешката болест.

Тој се лекувал околу 10 месеци, а дека боледува од карцином, дознал сосема случајно.

После преломот на нога, кој го имал Поповиќ, тој посетил лекар, бидејќи повредата не зараснала во предвидениот рок. Лекарите направиле детални прегледи и сите потребни анализи, по што за жал утврдиле дека неговата здравствена состојба не е добра. Иако борбата со карциномот почнала истиот момент, болеста земала замав.

Тој се лекувал на релација Белград-Париз. Лекуван е по најсовремени медицински методи, а докторите до последен миг се бореле за негово закрепнување.

Последните денови Саша Поповиќ ги поминал во Париз во кругот на семејството, кое му било најголема поддршка во тешката битка.

Поврзани вести