Skip to main content

Најубавата персиска мачка во светот е од Србија

 Персиска мачка од Ниш, јужна Србија, победи на меѓународната изложба за најубави и најдобри мачки организирана од Светската федерација за мачки (World Cat Federation – WCF) во Софија. Имено, изминатиов викенд во главниот град на Бугарија, првото место беше резервирано за српската куќа за одгледување мачки „Николато“ – специјализирана за одгледување персиски мачки.

Притоа, мачорот по име Николато Махатма Ганди ги освои највисоките можни титули во сите категории каде што се натпреваруваше, како и најпрестижната награда „најдобар“ (‘Best supreme‘),  со којашто е прогласен за „најдобрата мачка на целата дводневна изложба“. Така, овој исклучителен мачор освои неколку одличја. (Видео)

„Младиот Махатма Ганди е врвен професионалец, што се потврди и со неговото однесување во јавноста и пред блицови и камери“, се вели во соопштението.

Со оваа импресивна серија награди, се додава, мачето го потврди врвниот квалитет на српското одгледување и покажа дека тие мачки може да стојат „рамо до рамо“ со најдобрите во светот, велат одгледувачите

Поврзани вести