Skip to main content

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина

Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте. За Нина постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува.

Дел од сумата веќе е собрана, недостасуваат уште 30% од истата. Вкупно потребни средства се 54.361 евра, како и дополнителни средства за патни трошоци, виза и престој.

Времето минува, а ние се уште ги немаме средства и неизвесноста не убива. Дали ќе успееме? Дали ќе ги собереме потребните парични средства? Дали Нина ќе го издржи сето ова?

Ова не е нејзина прва операција. Детството го мина по болници, операции, третмани, терапии… Секогаш хуманоста поверувала и сте биле тука за Нина. Ве замолуваме да бидете и сега да донирате и споделите.

Да помогнеме едно мало дете да порасне. Да ѝ дадеме право на живот без болка.

Секој ден доцнење значи помала шанса за Нина.

Да не дозволиме болката да победи.
Да не дозволиме да биде доцна.

Благодариме на сите кои ќе придонесат за спас на нашата НИНА.

📞 Донации преку телефон:
📱 143 193 – Телеком
📱 143 473 – A1

🏦 Банкарски сметки:
Шпаркасе: 250500021369574
НЛБ: 210501724202015


IBAN: MK07250080008236959
SWIFT: INSBMK22
Банка: Sparkasse
Примач  Нина Димитриевска

Поврзани вести