Skip to main content

Едина Муса и Александар Димитровски Мачка го добија првото дете: На свет дојде Максим

Екс- кошаркарската двојка и тазе брачни сопружници, Едина Муса и Александар Димитровски Мачка го дочекаа нејубавиот заеднички ден – станаа родители на нивното прво заедничко дете.

Едина беше многу активна трудница па не престана да тренира и вежба во теретана до последно, во неколку наврати изјави дека имала лесна бременост и одвај го чекаше своето прво дете.

На социјалните мрежи убавата вест ја објави нејзина пријателка, а Едина ја сподели со сите.

Синот го крстија Максим, а честитки веќе пристигнуваат од сите страни.

Ова е прво дете за Едина, а трето за Александар, кој ги има Хана и Дарен од претходниот брак со поп пејачката Тамара Тодевска.

Поврзани вести