Skip to main content

Децата во градинката „13 Ноември“ имаа можност да дознаат што е музеј, дека постои „музејски куфер“, што значи оригинал – копија и како се чита визуелниот јазик на уметничките дела

На 15 април, Одделот за едукација и музејско водење спроведе за првпат интересна активност надвор од музејскиот објект, со претставување на тактилните реплики на уметнички дела од колекцијата на МСУ во ЈУДГ „13-ти Ноември – матичен објект“. На претставувањето на двете реплики изработени за проектот „MСУ ремек-дела за сите“, децата се запознаа подобро со делата „Носач на бетон“ од Јано Књазовиќ и „Кула на карпа“ од уметникот Војтјех Прејсиг.

На оваа интерактивна презентација децата имаа можност да дознаат што е музеј, но и дека постои „музејски куфер“, што значи оригинал – копија и како се чита визуелниот јазик на уметничките дела со помош на кустосите Бојана Јанева и Ивана Васева.

Поврзани вести