
Битолчанки слават 8 Март на Пелистер! Настанот „100 Жени на Пелистер“ се одржува денеска по втор пат и има за цел да ги поврзе жените со природата, да поттикне движење и активност, како и да создаде простор за инспирација, дружење и позитивна енергија.
За сите учеснички е обезбеден бесплатен превоз од Битола, како и бесплатна храна и пијалоци, во организација на Националниот парк Пелистер Битола.
Во рамките на настанот се одржа кратко инспиративно предавање посветено на потребата жената да се движи и да се поврзе со природата. Планината е простор на тишина, сила и саморефлексија – место каде жената може да се врати кон себе и да ги пронајде одговорите што веќе ги носи во себе. Забава со НАЛА Бенд, бесплатна храна и пијалоци во Инфо Центарот
извор АПЛА.мк

Македонски

