
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина успешно тестирала нова ракета со дострел од 3.000 километри, наречена Фламинго, така што масовното производство на таа ракета би можело да започне на почетокот на следната година.
- Ракетата помина успешни тестови. Во моментов е нашата најспособна ракета: може да патува 3.000 километри – изјави вчера Зеленски пред новинарите.
- До крајот на декември или во јануари, февруари, треба да започне нејзиното масовно производство – додаде претседателот на Украина.