
Украина сè уште се надева дека Германија ќе испорача оружје со долг дострел, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин.
Зеленски најави дека ќе се разговара за испорака на крстосувачки ракети Таурус од германско производство.
Мерц истакна дека Германија и Украина имаат за цел заеднички да произведуваат оружје со долг дострел, но одби да се изјасни дали ќе одобри испорака на ракетите Таурус во Украина, барање што неговиот претходник Олаф Шолц постојано го отфрлаше.
Тој најави дека германскиот и украинскиот министер за одбрана треба да потпишат писмо за намера за „набавка на системи за оружје со долг дострел од украинско производство“.
Тоа претставува почеток на нова форма на воено-индустриска соработка помеѓу нашите земји, која има голем потенцијал, истакна Мерц.
Зеленски, кој е во прва посета на Берлин откако Мерц стана канцелар, предвидено е денеска да се сретне и со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. (МИА)