Skip to main content

Заврши заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг

Заложничката криза во банка во германскиот град Зинциг заврши откако полицијата упадна во филијалата на „Фолксбанк“ и пронајде двајца заложници, а ограбувачите побегнаа.

Специјалните сили во банката ги пронајдоа возачот на комбето за транспорт на пари и вработениот во банката заклучени во соба. Тие се неповредени.

Потрагата по сторителите е во тек. Полицијата за време на операцијата немаа контакт со заложниците и сторителите.

Според германските медиуми, инцидентот започнал кога возило за транспорт на пари пристигнало пред банката. Еден од вработените излегол од оклопниот камион за да влезе во банката, при што бил пресретнат од непознат маж кој му се заканил.

Поврзани вести