Skip to main content

Одбележување на 114 години од раѓањето на Ванчо Николески и 80 години од излегувањето од печат на првата стихозбирка за деца на македонски јазик „Македонче“

Во пресрет на 114 годишнината од раѓањето на познатиот македонски романсиер, раскажувач и поет Ванчо Николески денеска,  библиотекари од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе гостуваат во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.

На учениците ќе им бидат презентирани интересни факти сврзани со животот и делото на Ванчо Николески кој е роден 1912 во селото Црвена Вода а  починал во април 1980 година во Охрид.

Годинава се одбележуваат 80 години од излегувањето од печат на првата стихозбирка за деца на македонски јазик МАКЕДОНЧЕ чиј автор е токму Николески. Издавач е Државното книгоиздателство на Македонија  во 1946 година а печатена е во првата официјална македонска печатница „Гоце Делчев“ во Скопје.  Насловната страница на книгата и цртежите во боја се дело на уметникот Василије Поповиќ – Цицо.

Збирката песни за деца „Македонче“ од Ванчо Николески е официјално првата дигитализирана книга во новото одделение за дигитализација на Библиотеката од Охрид.

Учениците од Лескоец утре ќе ја слушната аудио адаптацијата на поемата за деца МИЦЕ од Ванчо Николески.