
Јон Фрчкоски изјави дека СДСМ привремено ги исклучил коментарите на социјалните мрежи поради, како што тврди, организирани напади од бот-профили и тролови поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека се создаваат голем број лажни профили кои се меѓусебно поврзани и координирано шират навреди, лаги и говор на омраза.
Тој тврди дека цел на нападите се сите кои зборуваат за реформи, корупција, криминал и тендерски шеми, како и критичарите на премиерот Христијан Мицкоски и власта.
Според него, коментарите повторно ќе бидат вратени кога, како што наведува, ќе се создадат услови за нормална комуникација без токсична атмосфера и лични навреди
Од друга страна граѓаните реагираат на социјалните мрежи. Одлуката на СДСМ да ги исклучи коментарите на своите профили на социјалните мрежи предизвика силни и главно негативни реакции во јавноста. Многу граѓани, политички аналитичари и политички противници го критикуваат овој потег како обид за бегство од критика и цензура.



Граѓаните сметаат дека со затворањето на коментарите се укинува слободата на говор. Луѓето велат дека партијата не сака да го слушне мислењето на народот. На социјалните мрежи се појавија голем број шеги. Луѓето пишуваат дека СДСМ станала „партија без глас“ која зборува само самата со себе.



Дури и дел од луѓето кои ја поддржуваат партијата сметаат дека ова е погрешен чекор. Тие велат дека вака се губи директниот контакт со гласачите.




Македонски


