
СДСМ во соопштение изнесува обвинувања на адреса на Максим Димитриевски, тврдејќи дека зад неговиот јавен настап како антикорупционер стојат, како што велат, спротивни факти поврзани со деловни активности во земјата и странство.
Од партијата наведуваат дека компанијата „МБС ГЛОБАЛ“ била регистрирана на 7 август 2015 година во Бургас, Бугарија, со дејност трговија на големо со непрехранбени производи. Воедно, посочуваат дека сопругите на Димитриевски и Серафимовски се поврзани со компанијата „АЈФИКС ДОО“ од кумановското село Доброшане.
Во соопштението се поставуваат повеќе прашања во врска со бројот на компании, тендерски постапки и финансиски трансакции, при што СДСМ упатува серија обвинувања за, како што наведуваат, можни злоупотреби и поврзаности.
Дополнително, од партијата упатуваат политички критики кон Димитриевски, обвинувајќи го за, како што велат, отстапување од претходните политички позиции и соработка со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
СДСМ во соопштението порачува дека, како што наведуваат, „доаѓа времето на правдата и одговорноста“, нагласувајќи дека, според нив, е неопходно фокусирање на реформите и европската агенда.

Македонски

