
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека руската делегација предводена од помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински, ќе пристигне во Истанбул на состанок со украинските преговарачи на 2 јуни.
Како што истакна Захарова, делегацијата со себе ќе носи нацрт-меморандум и други предлози за прекин на огнот.
Секако, длабоко сме благодарни на нашите турски пријатели за нивното гостопримство и создавањето потребни удобни услови за работа како домаќин на преговарачката платформа. Сепак, не станува збор за турско или чие било посредништво“, рече Захарова.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија прави се за да се осигури дека најавените разговори во Истанбул на 2 јуни нема да доведат до резултати.
За состанокот да биде значаен, неговата агенда мора да биде јасна, а преговорите мора да бидат правилно подготвени. За жал, Русија прави се што може за да се осигура дека следниот состанок нема да донесе резултати“, наведе Зеленски во објава на X.