Украинското истражно биро (ДБР) објави дека се уапсени двајца генерали и еден армиски полковник чиешто „недејствување и небрежност и дозволиле“ на Русија да заземе дел од регионот Харков на североистокот на земјата во мај 2024 година.
Русија покрена ненадејна офанзива преку границата на регионот Харков на почетокот на мај 2024 година.
Иако украинската армија успеа да ги запре руските сили, не успеа да ја врати областа што дојде под руска контрола.
Меѓу уапсените се поранешниот командант на тактичката група Харков, поранешниот командант на 125-та бригада за територијална одбрана и поранешен командант на баталјон.
Нивниот „несовесен однос“ и овозможи на Русија да навлезе до 10 километри длабоко во Украина, која изгуби контрола над дел од својата граница. Постапките на командантите доведоа до губење на персонал и оружје и неуспех да ја одбранат државната граница во нивната област на одговорност“, се вели во соопштението на ДБР.
Високите офицери се обвинети дека лошо ја координирале одбраната на тој сектор, не организирале артилериска и авијациска поддршка и не подготвувале утврдувања, се вели во соопштението.
Покрај тоа, поранешен командант на баталјон е осомничен дека дезертирал од бојното поле.
Осомничените може да се соочат со казна затвор до 10 години, додава истиот извор.