Skip to main content

Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради обилни снежни врнежи

Фрипик

Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради обилни снежни врнежи. Големата зимска бура се очекува и да ги донесе најобилните врнежи во Њујорк во последните четири години.

Снежните врнежи започнаа вчера, кои предизвикаа намалена видливост на патиштата. Се очекува во градот да наврнат околу 18 сантиметри снег, најмногу во последните речиси четири години. Градоначалникот Ерик Адамс го нарече „значаен снежен настан“.

Поврзани вести