
Гувернерката на молдавскиот автономен регион Гагаузија, Евгенија Гуцул, е осудена на 7 години затвор.
Судот ја прогласи Гуцулова за виновна за нелегално финансирање на нејзината изборна кампања во 2023 година, осудувајќи ја на 7 години затвор.
Гуцул е најпопуларната опозициона политичарка во Молдавија, а претходно беше членка на партијата Шор.
Политичарката беше приведена на аеродромот во Кишињев во март. Нејзините поддржувачи го нарекуваат случајот политички прогон, тврдејќи дека иницијатор на притисокот била молдавската претседателка Маја Санду.