
Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф, денеска изјави дека е постигнат голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина.
Време е ова да се заврши. Мислам дека ќе го завршиме ова. Охрабрен сум и оптимист. Преговорите сега се сведоа на едно прашање, па така, ако двете страни сакаат да го решат ова – ќе го решиме, рече тој на Светскиот економски форум во Давос и додаде дека се разгледани различни итерации на тоа прашање, што значи дека е „решливо“, пренесува Гардијан.
Тој смета дека создавањето на бесцаринска зона во Украина би претставувало „промена на правилата на игра“ за економијата на земјата.
Виткоф подоцна денеска патува во Москва на состанок со претседателот на Русија, Владимир Путин, за да разговара за ставање крај на војната во Украина. Со Виткоф ќе биде и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.
Специјалниот пратеник на САД претходно најави дека ќе се разговара за планот од 20 точки за прекин на војната, за кој рече дека е готов „повеќе од 90 отсто“.

Македонски




