Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, потврди дека американските власти се во контакт со луѓе во Сирија со цел да добијат информации за Остин Тајс, американски новинар киднапиран пред повеќе од 12 години.
Поранешниот маринец и новинар имаше 31 година кога беше киднапиран во август 2012 година додека известуваше од Дамаск за борбите во Сирија. Сириските власти тврдат дека не го држат во заробеништво.
Приоритет е да го пронајдеме Остин Тајс, да го лоцираме затворот каде што би можело да биде држен, да го ослободиме и безбедно да го вратиме дома кај неговото семејство. Комуницираме со Турците и други луѓе на терен во Сирија и им порачуваме: ‘Помогнете ни со ова. Помогнете ни да го вратиме Остин Тајс дома’, истакна Саливан.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека владата верува оти Тајс е жив.
Мислиме дека можеме да го вратиме, но сѐ уште немаме директни докази за тоа, ијави Бајден, нагласувајќи дека напорите за негово лоцирање се во тек.