Skip to main content

Украина и САД разговараат за мировните преговори и економска поддршка

Украинската делегација предводена од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров денеска во Женева ги продолжи билатералните преговори со претставниците на САД, специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, за економска поддршка, подготовка на нови мировни преговори и размена на воени заробеници.

Умеров изјави дека за време на разговорите детално ќе бидат разгледани механизмите за економска поддршка и обнова на Украина, инструментите за привлекување инвестиции, како и моделите на долгорочна соработка со партнерите.

Тој додаде дека ќе се разговара и за следната рунда трилатерални преговори со учество на руската страна, нагласувајќи дека е потребно да се усогласат ставовите пред таа фаза од разговорите.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека за време на разговорите со американската делегација во Женева ќе бидат иницирани не само прашањата за завршување на војната, туку и економската соработка со САД.

Поврзани вести