
Турција ќе распореди системи за противвоздушна одбрана „Хисар“ во стратешката сириска воздухопловна база Т-4. По распоредувањето на системот за противвоздушна одбрана, базата ќе биде реновирана и проширена.
Официјална Анкара, исто така, планира да распореди извидувачки и нападни беспилотни летала Акинџи и Аксунгур во базата.
Турција ја разгледува и можноста за привремено распоредување на системот за противвоздушна одбрана С-400 во базата Т4 или во Палмира за да се обезбеди безбедност на воздушниот простор за време на реставрацијата.

Многу е веројатно дека оважој план ќе биде преговарачка алатка за враќање на програмата за набавка на американски борбени авиони Ф-35.
Целта на Турција е да создаде повеќеслоен систем за противвоздушна одбрана во и околу базата кој ќе има капацитети за противвоздушна одбрана со краток, среден и долг дострел за заштита од различни закани.
Тоа ќе и помогне на Турција да воспостави контрола над воздушниот простор во регионот и да ги поддржи нејзините напори во борбата против Исламската Држава.
Присуството на турски системи за противвоздушна одбрана и беспилотни летала се очекува да делува и како пречка за израелските воздушни напади во регионот.