
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека „почнува да се сомнева“ дека Украина ќе постигне договор за прекин на огнот со Русија и го повика Киев да преговара со Москва во Турција в четврток.
„Рускиот претседател Путин не сака Договор за прекин на огнот со Украина, туку средба в четврток во Турција за да преговара за можен крај на ова крвопролевање“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“.
„Украина мора да го прифати ова, веднаш“, потенцираше Трамп.
„Барем ќе можат да утврдат дали е можно да се постигне договор, а доколку не е, европските лидери и САД ќе знаат каква е состојбата и ќе можат соодветно да реагираат!“, додаде претседателот на САД.
„Почнувам да се сомневам дека Украина ќе склучи договор со Путин, кој е премногу зафатен со прославување на Победата во Втората светска војна, која не можеше да биде извојувана (немаше ни да биде блиску!) без Соединетите Американски Држави. ОДРЖЕТЕ ЈА СРЕДБАТА, СЕГА!“, нагласи Трамп.