Skip to main content

Трамп: Ќе ги уништиме електраните во Иран ако на ја укине блокадата на Ормутскиот Теснец во рок од 48 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги уништи иранските електрани доколку Техеран не го отвори целосно Ормускиот Теснец за бродови во рок од 48 часа.

Изјавата на Трамп, дадена доцна на социјалните мрежи, е само еден ден откако тој најави дека САД размислуваат за „постепен крај“ на операцијата на Блискиот Исток.

Доколку Иран не ја отвори целосно, без закани, Ормуската Теснина во рок од 48 часа од овој момент, САД ќе ги нападнат и ќе ги уништат нивните електрани, почнувајќи од најголемата!“, се закани Трамп.

Заканата од ирански напади ги спречува повеќето бродови да минуваат низ Ормуската Теснина – релативно тесен воден пат кој служи за испорака на околу една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас, што потенцијално предизвикува глобален енергетски шок. Во меѓувреме, Техеран вели дека забрана за премин имаат само бродови кои се поврзани со САД, Израел и земјите коишто ги подржуваат нивните наади врз Иран, додека другите бродови може да поминат.

Затворањето на теснецот ги зголеми цените на енергенсите во Европа до 35 проценти.

Во меѓувреме, американско-израелскиот конфликт со Иран влезе во нова фаза откако Иран испука две балистички ракети кон американско-британската воена база на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан. „Волстрит џурнал“ објави дека Иран испукал две балистички ракети со среден дострел кон базата, но не успеал да ја погоди.

Поврзани вести