Skip to main content

Тинејџерки предизвикале 18 пожари во Виена, палеле контејнери од досада

Полицијата во Виена откри серија пожари кои во текот на ноември предизвикале страв кај локалното население во неколку градски општини. Зад пожарите стоеле три девојки кои доброволно се предале и признале дека предизвикале 18 пожари „од досада“, објави австрискиот портал „Кронен Цајтунг“.

Осомничени се две 18-годишни девојки и едно 17-годишно девојче. Две од нив биле уапсени во општината Херналс, додека третата сама се појавила во полиција истиот ден.

Сите три ги признале делата. Според полицијата, нивниот мотив бил чиста досада, а штетата од пожарите изнесува повеќе стотици илјади евра.

Девојките се приведени, а како што соопшти полицијата, најголем дел од пожарите биле помали инциденти.

Поврзани вести