Едно 14-годишно момче е избодено до смрт во автобус во Вулич, југоисточен Лондон. Полицијата била повикана околу 14.30 часот по дојава за прободување со нож во автобус на Вулвич Чрч Роуд, во близина на спојот со обиколницата А205 кон југ.
Итната помош се обидела да му укаже помош на момчето, но тоа починало на местото на настанот набргу по пристигнувањето на лекарите.
Полицијата покренала истрага за овој инцидент. Засега никој не е уапсен, но полицијата ги повикува сведоците на инцидентот во автобусот 472 да се јават.