Skip to main content

Сириската влада најави зголемување на платите во јавниот сектор за 400 проценти

Привремената влада на Сирија ќе ги зголеми платите на бројни вработени во јавниот сектор за 400 проценти следниот месец, откако ќе заврши административното преструктурирање на министерствата за подобрување на ефикасноста и отчетноста. Ова денеска го изјави министерот за финансии, Мохамед Абазид.

Зголемувањето, за кое се проценува дека ќе чини 1,65 трилиони сириски фунти (околу 127 милиони американски долари), ќе биде финансирано од постојните државни ресурси, заедно со регионална помош, нови инвестиции и обиди за одмрзнување на сириските средства во странство.

– Ова е првиот чекор за итно решавање на економската реалност во земјата, изјави Абазид.

Тој додаде дека платите за овој месец ќе бидат исплатени неделава.

Поврзани вести