Skip to main content

Синоќа експлозија пред синагога во Лиеж, Белгија

Експлозија се случи во недела навечер пред синагога во Лиеж, источна Белгија, од причина што сè уште е непозната, соопшти полицијата, која појасни дека нема повредени, туку „само материјална штета“, пренесува Тајмс оф Израел.

Експлозијата се случила кратко пред 04:00 часот по локално време пред синагогата што се наоѓа на улицата „Леон Фредерик“ во Лиеж. Предните прозорци на зградата биле скршени, соопшти портпаролот на градската полиција.

Полицијата го блокираше просторот околу синагогата за да спроведе истрага.

Оваа синагога е изградена во 1899 година и функционира и како музеј во кој се изложени разни предмети од еврејската заедница во Лиеж, според нејзината веб-страница.

Поврзани вести