
Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала регистриран е денеска, во 9:40 часот наутро, во северна Италија.
Според EMSC, епицентарот на земјотресот бил 26 километри северно од Прато, објави N1.
И вчера на северот од Италија беше регистриран земјотрес, со магнитуда од 4,0 степени. Епицентарот на ударот бил на длабочина од девет километри, околу 11 километри југоисточно од Ла Специја и околу 60 километри северозападно од Ливорно.

Македонски



