Skip to main content

Сијарто апелира на меѓународна акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто вчера изјави дека меѓународната заедница мора да преземе акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток со оглед на влошената ситуација во Либан и во Сирија.

Тој, на прес-конференција по вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, истакна дека кризата на Блиски Исток била прва точка на дневниот ред на средбата, со оглед на опасната ситуација во регионот, што претставува закана за безбедноста, не само во Европа, туку и во целиот свет.

Унгарија продолжува да ги поддржува христијанските заедници во Либан и ги одржуваме нашите програми за обнова на христијанските цркви, помош на христијанските заедници и функционирање на христијанските институции, посочи Сијарто.