Skip to main content

Измените на Изборниот законик испратени во Собрание, Левица одбива да гласа иако учествуваа во подготовка на законското решение

Материјалот “Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот Законик, по скратена постапка” е доставен до Собранието. Попладнево се се стави на дневен ред таа точка, за утврдување на потребата за носење на Изборниот законик.

Пратеникот Антонио Милошоски: објави дека Левица одбила да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, во чие изготвување учествуваше.

Темата за измени на Изборниот законик беше отворена на лидерската средба во јануари оваа година. Сите партии/ коалиции, освен отсутната СДС, се согласија дека согласно реформската агенда до крајот на јуни ќе се поднесат предлог измените на Изборниот законик, со вметнување на препораките на ОДИХР. И ВМРО-ДПМНЕ, и ДУИ, и ВЛЕН, и Левица го потврдија овој став.

2️. Согласно овој став од лидерската средба на 9-ти март, во министерството за правда, започнаа состаноците на Работната група за измени на Изборниот законик, со претставници од сите политички партии, со тоа што СДС потоа донесе одлука да се повлече од овие разговори. Се работеше по препораките на ОДИХР, врз основа на кои партиите даваа свои предлози за измени на Изборниот законик. За голем дел од дискусиите беше постигнат компромис, и добар дел од предлозите на Левица беа вградени во предлог измените, за што постојат записници.

3. Тема која предизвика поголем интерес на работните средби беше членот 76-д, средства за изборно рекламирање, за кој ВМРО-ДПМНЕ даде предлог соодносот на бројот на пратеници да биде објективен критериум за користење на 97% од овие средства, а 3% да бидат на располагање на партиите кои немаат пратеници во Собранието. Две партии не се согласија со овој предлог и за истиот не се постигна консензус. Го прифативме тоа како реалност и продолживме прагматично да разговараме со цел да се дојде до консензус.

4. Потоа на темата средства за изборно рекламирање со конкретни предлози и проценти излегоа ДУИ и Левица, при што на крајот сите други партии се согласија на компромисот кој произлезе од овие два предлози, а истиот гласеше:

42% за двете најголеми партии од позицијата

42% за двете најголеми партии од опозицијата

8% за партиите кои имаат пратенички групи, а не се меѓу четирите најголеми

5% за партиите кои немаат пратенички групи и 3% за вонпарламентарните партии/ група избирачи.

Никаков заговор, никакви интриги. Напротив, Левица како ко-предлагач на ова решение даде сериозен придонес во буџетската распределба на средствата. Прифаќањето на овој предлог беше нотирано во записникот на Министерството за правда.

Но, иако беа ко-предлагачи на ова решение денес пратениците Крмов и Реџеп Исмаил известија дека нема да бидат потписници на предлог измените на Изборниот законик, иако на тоа се согласија и на лидерската средба и за време на состаноците на Работната група во министерството за правда. Поточно, побараа пратениците на ВМРО, ВЛЕН, ДУИ и ЗНАМ да го поднесат предлогот за измени на Изборниот законик, да го изгласаат, со напомена дека доколку Левица ги добие побараните пари за изборно рекламирање, ветуваат дека нема да го блокираат законот. Многу непринципиелно одбегнување да се превземе 

Поврзани вести