Skip to main content
LXE5mRoP4O4

Трчај, трчај кокошке, Брисел те стигна

Се сеќавате на вицот со петелот и кокошката. Петелот ја бркал кокошката низ дворот за да заврши работа, а таа во себе си викала, ќе потрчам уште некој круг пред да му дадам, да не мисли дека сум лесна. Кокошката во овој случај е СДСМ и нивното инаетење да се донесе нов Изборен законик. Иако тој може да се усвои и без нив, добро е сите партии да дадат согласност за новите изборни правила. Но логиката на СДСМ е- знаат дека ќе изгубат и се обидуваат барем да привлечат внимание.

И тоа им успеа, од Брисел дојде дури и комесаркатаза проширување Марта Кос, На Биќаќка настана шок од нејзината изјава дека Изборниот законик ќе биде усвоен, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Да Марта очигледно знае што во СДСМ не го знаат или не сакаат да им го кажат на своите малубројни гласачи дека Изборниот законик ќе биде донесен и дека Македонија за тоа ќе довие 4 милиони евра. Тоа ги боли на Биќаќка што тие нема да ги добијат парите. За изборите многу им е гајле, си знаат они дека ќе изгубат. Па и дијаспората, не сакале електоронско гласање, по пошта, вакво такво. Кажете си убаво неќеме дијаспората да гласа бидејќи нема да гласаат за нас. Ви ги сакаме само парите што ги испраќате во Македонија. Да знаеја дека од иселениците ќе добијат некој пратеник све ќе прифатеа. И сега ќе прифатат, ќе добијат некое милионче повеќе а на друштвото од Бихаќка тоа им е доволно. Важно е парата да врви, а и да не им ко кршат атерот на оние од Брисел. Во СДСМ никогаш не ги напуштил идејата дека ЕУ ќе ги донесе, односно црпне на власт. Од народ тие власт не чекаат.

„И тамам кога мислевме дека никој не ја брка кокошката, стигна и Марта Кос од Брисел да провери зошто дворот уште не е расчистен.“ За разлика од минатата посета кога ни порача дека идентитетот ни е тавче гравче и полнети пиперки, сега таа не уби од фалење. Да ви кажам право страв ме фаќа кога оние бирократине од Брисел не фалат. Кај нив ништо нема за за џабе, мора нешто да сме дале или да имаме ветено дека ќе дадеме. Не дека Македонија не за фалење, посебно во реформската агенда и планот за раст каде добиваме убави пари. Убаво ќе ни дојдат и овие четири милиони евра ако го усвоиме изборниот законик, ама за ги имаме и СДСМ.

Инаку Кос каде и да беше во регионот мед и течеше од устата. Вие сте најдобри, шампиони сте, лидери, импресионирана сум, продолжете така, а ние стоиме во место 20 години. Оваа да не ни пушта водичка. Затоа страв ме фаќа од нивните пофалби.Како кучиња кои добиваат бисквита за да бидат мирни. Само што бисквитката трае една минута а седењето во место 20 години. Затоа треба да престанеме да радуваме на секоја коска , биедеќи секоја година завршуваме први во класот, со сите петки а сепак ја повторуваме годината.

Познатото добрососедство од Бугарија на своја кожа го осети и Србија. Бугарија е една од земјите што го блокираше продолжувањето на преговорите и покрај што комисијата на Кос даде препорака. Ејјј Бугарија блокира, да се отепаме. На сите кои следиме политика ни е јасно дека Бугарија е прокси во рацете на голмите сили во ЕУ, пред се на Германија и Франција кои веќе не сакаат дежурни виновници зошто во скоро време ќе нема проширување во Унијата па праќаат вакви банана држави да им завршуваат валканата работа. А Бугарите немаат проблем да ги извршуваат наредбите на нивните стопани, на времето стопанот беше во Москва, а сега е во Брисел. Се е исто само њега нема. Уствари се појави и тој името ну Румен, и многу се радува кога Македонија и Србија се жртви на бугарското доброседство.

ДУИ иззлезе на улица. Па каде да излезат, нив улицата и планините им се природна локација. Овој пат се собраа во Тетово, и наместо иљадници се собраа стотина, оние што Артан Груби додека беше на власт не успеа да ги пикне во неговото министерство, заа нешто, да се зема плата од државата. Сега на ДУИ им смета одлуката на Уставен за враќање на старите имиња на улиците. Jaс пак наивен мислев ќе протестираат за тоа што нема канализацијата во Зајас и Арачиново или за тоа што од фабриката за електрични автомобили во Тетово-најголемата инвестиција на ДУИ остана само ископаната дупка.

Велат дека со ова се нарушуваме принципите на Охридскиот договор. Колку што знам ДУИ никаде не фигурира во рамковниот договор туку претходникот на ДУИ, воената ОНА го предизвика тој договор и ја врати Македонија 20 години назад. Сега ДУИ сака да го повтори истото сценарио, но датумот е друг, сега ДУИ е битен како сефафор на Дижонска, го има ама никој не зошто е таму и за што служи.

Поврзани вести