Skip to main content

Формиран е кризен штаб: Се зголемува бројот на граѓани кои се обратиле за помош по ситуацијата на Блискиот Исток

Се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со сите нив се одржува постојан контакт и се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.

Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вчера беше формиран кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):

075/273-732

Амбасада на Република Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Амбасада на Република Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546.

Поврзани вести