Skip to main content

Саркози осуден на пет години затвор

Facebook / Nicolas Sarkozy
Facebook / Nicolas Sarkozy

Поранешниот француски претседател Никола Саркози беше осуден на пет години затвор денеска со доживотна суспензија, откако судот во Париз го прогласи за виновен за соучество во криминална организација во случај поврзан со сомнително либиско финансирање на претседателската кампања за изборите во 2007 година, објави телевизијата БФМ.

Според францускиот телевизиски канал, ова значи дека Саркози ќе биде затворен во наредните недели.

Поранешниот француски шеф на државата, кој ја водеше Франција од 2007 до 2012 година, беше прогласен за виновен за злосторничко здружување помеѓу 2005 и 2007 година, објави „Ле Фигаро“.

Во исто време, тој беше ослободен од обвиненијата за прикривање на проневера на јавни средства и пасивна корупција.

Обвинителите побараа Саркози да биде осуден на седум години затвор.

Поврзани вести