Skip to main content

САД планираат да му понудат директен договор на Гренланд, заобиколувајќи ја Данска

PIRO4D/pixabay

САД развиваат нацрт-договор со Гренланд кој би можел да им се понуди директно на властите на островот, заобиколувајќи ја Данска.

Предлогот вклучува Договор за слободна асоцијација – каде што САД обезбедуваат финансирање и подобрен животен стандард, додека Гренланд ги предава сите одбранбени прашања на Вашингтон, но островот ја задржува внатрешната самоуправа.

САД веќе имаат слични договори со Микронезија, Маршалските Острови и Палау.

Стратегијата на американскиот претседател Доналд Трамп има две главни цели. Првата е да се продлабочи јазот меѓу Гренланд и Данска. Второто е да се отворат директни преговори со островот, заобиколувајќи го Копенхаген“, пишува „Економист“.

По последните ијави на високи американски функционери околу Гренланд, Данска го свика својот комитет за надворешни работи со кратко известување. Присутни биле и премиерката Мете Фредериксен и министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен, а дневниот ред содржел само една точка: односите на Кралството со Соединетите Американски Држави.

Средбата е прилично необична. Се одржала доцна во ноќта во специјално обезбедена просторија во палатата Кристијансборг. Учесниците морале да ги остават своите мобилни телефони надвор; личните работи, дури ни кафе, не биле дозволени. Просторијата нема прозорци, што ја нагласува чувствителноста на дискусиите.

Ако САД одлучат да употребат воена сила против друга земја од НАТО, тогаш тоа ќе биде завршено“, изјави данската премиерка Мете Фредериксен.

Премиерот на Гренланд, пак, Јенс Фредерик Нилсен, исто така предупреди за катастрофални последици ако САД преземат каква било воена акција против Гренланд.

Поврзани вести