
Ирански дрон погодил хотел во Бахреин, при што се повредени двајца вработени во Министерството за одбрана на САД, објави „Вашингтон пост“ според прегледан допис од Стејт департментот.

Телеграмата, испратена во неделата, ги потврдува повредите на американските воени лица, но не дава дополнителни детали. Со неа се потврдуваат информациите дека САД засолниле голем број од воените лица од базите во регионот на Персискиот Залив во хотели во близина на нивните борбени позиции.
Стејт департментот одбил да коментира, а Пентагон не одговорил на прашањата на весникот.

Македонски

