
Русија се надева дека претстојната средба меѓу претседателот Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, ќе го промовира нормализирањето на односите меѓу Русија и САД, објавија денеска руските медиуми.
Се надеваме дека средбата на високо ниво ќе даде поттик за нормализирање на билатералните односи – изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Трамп објави дека ќе се сретне со Путин во петок, 15 август, во Алјаска.
Путин во средата го прими во Кремљ специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф, а по средбата, помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека Москва и Вашингтон се согласиле за средба меѓу Путин и Трамп.