Skip to main content

Русија ја прогласи организацијата на покојниот опозиционер Навални за терористичка

Врховниот суд на Русија денеска ја класифицираше организацијата на покојниот опозиционер Алексеј Навални како терористичка организација.

Ова движење претходно беше прогласено за „екстремистичко“.

Фондацијата против корупција се смета за „терористичка организација“, соопшти Врховниот суд и додаде дека се забрануваат нејзините активности, како и активностите на структурните ограноци на таа организација на руска територија.

Според судот, Фондацијата против корупција била формирана во САД врз основа на Фондацијата за борба против корупција (ФБК) и други организации поврзани со Алексеј Навални во Русија, по нивната забрана.

Судот ја обвини организацијата дека спроведува „деструктивни активности на руска територија“, дека „промовира, оправдува и поддржува тероризам“ и оти „организира, подготвува и врши злосторства од екстремистичка и терористичка природа“.

Тимот на Навални на Телеграм ги обвинија руските власти дека се обидуваат да ги „заплашат“ приврзаниците на покојниот опозиционер за да престанат да ги следат и шират истрагите на таа организација.

Продолжуваме да работиме. Истражуваме, ја кажуваме вистината, им помагаме на политичките затвореници, додаде тимот на Навални.

Поврзани вести