
Рускиот претседател и врховен командант на руската армија Владимир Путин пристигна во Курск, каде што одржа средба со руските војници.
Оваа информација ја потврди и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави Ројтерс.
🇷🇺 Russian President visits Kursk Group of Forces command post.
— Peacemaker (@peacemaket71) March 12, 2025
Putin is at the meeting in ''military uniform''… message to Trump ⁉️ pic.twitter.com/iJbFqTvt1o
Началникот на Генералштабот на армијата Валериј Герасимов го информираше Путин за ситуацијата во областа.
Путин предложи создавање безбедносна зона долж државната граница во областа Курск.
Рускиот претседател му се заблагодари на военото раководство за сѐ што направиле во областа Курск.
Путин рече дека руските војници треба да го „победат непријателот“ во областа Курск и целосно да го ослободат регионот, додавајќи дека војниците заробени во Курск ќе бидат третирани како терористи.
Рускиот заменик-министер за одбрана Валериј Герасимов изјавил дека Русија ослободила повеќе од 1.100 квадратни километри во областа Курск и нагласи дека „плановите на Киев во таа област пропаднале“.
„Украинските сили се опколени во областа Курск“, рече Герасимов.
Тој додаде дека украинската армија претрпела големи загуби и дека руските сили влегле во пограничниот украински регион Суми.
Украинските вооружени сили ја преминаа руско-украинската граница и почнаа воени операции на територијата на руската Курска област на 6 август минатата година.