Skip to main content

Грција одобрува се помалку барања за азил

Во првите осум месеци од 2026 година стапката на одобрени барања за азил во Грција била намалена на 37 отсто, наспроти 72 проценти во 2024 година и 58 отсто лани, додека кај националностите без бегалски профил, кај кои во изминатиот период има зголемен број нелегални пристигнувања во земјата, како што се државјани на Бангладеш, Египет и Пакистан, стапката на одобрување на азил е под еден отсто, јави дописничката на МИА од Атина.

Извори од Министерството за миграција и азил на Грција брифираат дека дури и кај националности со бегалски профил, кои во минатото добивале азил во речиси 100 отсто од случаите (државјани на Авганистан или Судан), сега стапката на одобрување на азил е под 70 проценти, поради брзото отфрлање на барањата од административни причини, примената на индивидуализирани критериуми и се земаат предвид безбедните трети земји низ кои претходно поминале.

Според истите извори, целта на Министерството е дополнително да се намали стапката на одобрување, така што азил ќе добиваат само оние кои навистина имаат право на меѓународна заштита.

Оттаму додаваат дека по примената на Пактот за миграција во јуни 2026 година, лицата кои немаат бегалски профил остануваат со ограничена слобода на движење до разгледувањето и одбивањето на нивното барање за азил, а потоа следува нивна депортација и не стекнуваат право на работа, во целосна примена на доктрината „притвор или враќање“.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetcasibomjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetholiganbetjojobetzbahisroketbet