
Полицијата во Белград вчера го уапсила Ж.К. (40) под сомнение дека во понеделникот вечерта испукал проектил од рачен ракетен фрлач кон куќа во изградба и избегал во белградската населба Котеж, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Како што се наведува во соопштението, во инцидентот нема повредени, но предизвикана е материјална штета, а осомничениот набрзо е уапсен.
На самото место е пронајдена и една неексплодирана рачна граната, се додава.
Осомничениот е приведен до 48 часа и ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава.
Извор: МКД.мк

Македонски


