Skip to main content

Тензично во Белград пред изборните резултати: жандармеријата ги блокира улиците во градот, бизнисите ги заштитуваат своите објекти (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Сопствениците на угостителски и други деловни објекти во центарот на Белград почнаа да поставуваат дрвени заштитни плочи врз излозите, додека во Србија се одржуваат вонредните парламентарни избори, проследени со зголемено полициско присуство и пријави за инциденти, пренесува provereno.mk.

Како што пренесува порталот „Нова.рс“, повикувајќи се на телевизијата Н1, сопствениците на локалите на улицата „Крал Милан“, во непосредна близина на Републичката изборна комисија и Претседателството на Србија, ги обезбедуваат стаклените излози со дрвени заштити.

Ваквите сцени се забележани во момент кога во центарот на Белград се распоредени голем број полициски сили, а пристапот до зградата на Републичката изборна комисија е блокиран со полициски огради.

Според информациите на српските медиуми, во близина на Пионирскиот парк се распоредени припадници на Жандармеријата со опрема за разбивање демонстрации, додека полициски возила се забележани на повеќе локации во главниот град.

Во меѓувреме, инциденти се пријавуваат и во други делови на Србија. Во Качарево, кај Панчево, граѓани опколиле ресторан во кој се наоѓала група од околу 30 мажи, за кои мештаните тврдат дека претходно предизвикале инцидент во Земјоделското училиште во Панчево.

На местото пристигнала и полициска интервентна единица, која, според тврдењата на граѓаните, била ангажирана за смирување на ситуацијата и спречување нови инциденти.

Изборните места во Србија се отворени до 20 часот, а засилените безбедносни мерки во Белград се спроведуваат во последните часови од гласањето.

Излезноста слична како на времето кога се менуваше власта на Слободан Милошевик. Последно е дека бројката отиде близу 68 проценти.

Извор: provereno.mk

Поврзани вести