
Македонската тенисерка Сара Митевска продолжува со победите на Европскиот шампионат за тенисери и тенисерки до 16 години што се игра во Парма, Италија.
Во денешниот меч од осминафиналето Митевска ја надигра првата носителка Марија Валентина Поп од Романија. Таа на противничката и дозволи да освои само три гема – 2-0 во сетови (61 62).
Следна ривалка (утре) ќе и биде Милена Стеинкамп од Германија, која пак се наоѓа во ТОП 30 во светска конкуренција конкуренција на тенисерки до 18 години. Митевска досега на Европскиот шампионат постигна три победи.

Македонски


