Skip to main content

Москва не ја исклучува можноста за тристрана средба на Путин, Трамп и Си Џинпинг

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека официјална Москва не ја исклучува можноста за тристрана средба на претседателите на Русија, САД и на Кина – Владимир Путин, Доналд Трамп и Си Џјинпинг.

Рјабков додаде дека сепак, пред да почне подготовката за евентуалната средба, потребно е да се утврди каква би била нејзината агенда.

Главното прашање е како ќе биде формулирана содржината на средбата и што можеме да очекуваме како резултат“, објасни тој.

Идејата за таква средба претходно овој месец ја спомена советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Тој рече дека Путин, Трамп и Си би можеле да се сретнат на самитот на Азијско-тихоокеансаката економска соработка (АПЕК) што во неомври ќе се одржува во Шенжен, Кина. 

Поврзани вести