Skip to main content

Дегустација на грозје и производи од гроздови зрна на „Тиквешки гроздобер“

Со традиционалната подготовка на маџун, како и дегустирање традиционален кавадаречки појадок – пешии и равенија, во „Паркот на револуцијата“ денеска продолжија активностите во рамките на годинашниот „Тиквешки гроздобер“.

Посетителите од разни крашита на земјава и од странство имаат можност да ги дегустираат традиционалните маџун, пешии и равенија. Во „Паркот на револуцијата“ во рамките на активностите на традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација има и музичка програма.

На денешната агенда во рамки на манифестацијата е и детскиот тиквешки карневал, како и изложба на кавадаречки уметници.

На градскиот плоштад вечерва со почеток од 21 часот ќе пеат Слободанка Танева, Мирјана Митрева, Џејла Рамовиќ и Пеџа Јовановиќ.

Денеска е последен ден од тридневниот настан, за кој на прес-конференција беше кажано дека се очекува рекордна посетеност.

Од локалната самоуправа потсетија дека на секој од трите влеза во општина Кавадарци и годинава секое возило со посетители добива подарок – пакетче спакувано грозје за гостопримство.

Поврзани вести