Skip to main content

Ирански суд укина затворска казна за пејачка обвинета за „поттикнување проституција“

Суд во Иран ја укина четиригодишната затворска казна изречена на една пејачка по нејзиниот настап во живо во Техеран.

По бројните критики упатени кон пресудата, апелациониот суд во главниот град ја ослободи Хива Сејфизаде од обвиненијата за „поттикнување корупција и проституција“, јави денеска информативниот портал „Аваш“.

Наместо тоа, пејачката наводно била осудена на парична казна во противвредност од нешто повеќе од 200 долари и тримесечна општокорисна работа поради „кршење на јавниот морал“.

Минатиот месец, Сејфизаде ја објави пресудата поврзана со концертот од февруари 2025 година, на кој настапила со бенд што изведувал класична персиска музика, сè додека безбедносните сили не го прекинале настанот. Јавните настапи на пејачки во Иран генерално не се дозволени.

Пејачката сподели објава на Инстаграм од нејзиниот адвокат, кој го потврди намалувањето на казната. „Се надевам на денот кога ниеден глас повеќе нема да биде замолчен“, напиша таа во објавата.

Затворската казна наиде на широки критики. Пејачката доби поддршка и од културниот сектор.

– Имаме толку многу добри пејачки и создадени се толку многу вредни дела – изјави тогаш Хамид Реза Нурбахш, директор на здружението на уметници „Куќа на музиката“.

Според него, во Иран не постои верско-правна одредба што фундаментално и без исклучок им забранува на жените да пеат.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetcasibomjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetholiganbetjojobetzbahisroketbet